-->
-->
Евробаскет 2015: Грузија пресилна за Македонија
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ФИБА Евробаскет 2015, овојпат поуспешна беше репрезентацијата на Грузија којашто го доби натпреварот со убедливи 90:75.
Овој натпревар беше клучен за нашата селекција во остварувањето на амбициите, а тоа е пласман меѓу 16 најдобри на ЕП. Нашите кошаркари лошо го отворија мечот и Грузијците брзо поведоа со двоцифрена разлика. Македонија на два пати се доближуваше резултатски, но сепак не успеа да направи пресврт, а Грузија го зачува водството до самиот крај.
Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Заза Пачулија со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скокови, а Маркоишвили забележа 18 поени, додека во репрезентацијата на Македонија како најефикасни завршија Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.
Следниот меч на ЕП, воедно и последен од првата фаза во Загреб репрезентацијата на Македонија го игра утре, против Словенија, од 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест