Македонија
6. July 2017 - 9:12

Евроамбасадорот Жбогар во посета на Желино и Брвеница

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе види како се имплементираат повеќе проекти финансирани преку ЕУ во селата Желино и Брвеница во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

Жбогар заедно со градоначалникот на Желино, Фатмир Измири ќе ја посети пумпната станица во Желино со која треба да се реши проблемот со снабдување со вода во општината која е кофинансирана од ЕУ, а заедно со градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити, ќе направи увид на локалниот пат Милетино-Челопек, којшто се реконструира со грант од ЕУ и на изградбата на ново основно училиште во Гургурница.