-->
-->
ЕВРО2024: Две пива по лице на дуелот меѓу Англија и Србија
-->
Рестрикции за алкохол ќе бидат воведени на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, соопшти германската полиција.
Во соопштението се наведува дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол.
Дополнително, продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице.
Рестрикциите се објаснати од страна на организаторите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија.
Натпреварот е закажан за в недела во 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро