Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
Еврејски доселеници денеска запалија џамија на северот од Западниот Брег, изјави претседателот на советот на палестинското село Марда. Израелската полиција соопшти дека отворила истрага.
Насилството од страна на еврејските доселеници се зголеми на Западниот Брег за време на војната во Појасот Газа. Организациите за човекови права тврдат дека израелската војска често не реагира на ваквите инциденти.
Насфат ал Хафаш, претседател на советот на селото Марда, рече дека доселениците дошле рано изутрина, ја запалиле џамијата и напишале пораки на омраза.
На видео снимка објавена на социјални мрежи се гледаат со спреј исцртани Давидови ѕвезди и пораки на хебрејски: „Џамијата ќе гори, храмот ќе се изгради“.
Овие зборови алудираат на желбата на ултранационалистите да изградат трет еврејски храм во Ерусалим, на светото место кое често е сцена на судири меѓу Палестинците и израелската полиција.
„Овие зборови ја отсликуваат нивната омраза кон Палестинците и Арапите“, изјави Ал-Хафаш, додавајќи дека доселениците ја имаат целосната поддршка од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, најдесничарската во историјата на земјата.
Израелската полиција, војската и службата за безбедност Шин Бет соопштија дека го истражуваат овој сериозен инцидент и ќе настојуваат одговорните да се соочат со правдата.
На Западниот Брег и во Источен Ерусалим живеат над 700.000 еврејски доселеници со израелско државјанство. Таму живеат и три милиони Палестинци за кои важи израелскиот воен закон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците