Еве зошто пукаа во Дарко Лазиќ
Фолк пејачот Дарко Лазиќ пред два дена беше брутално претепан поради пари кои им ги должел на момци од југот на Србија, јавуваат дел од српските медиуми.
Напаѓачите прво го испрскале со солзавец, а неговиот менаџер и пријател Миљан Врачевиќ го удриле со пиштол по глава.
Дел од медиумите во Србија пишуваат дека Лазиќ е претепан поради долг од 50.000 евра. Според информациите на медиумите, пејачот пред повеќе од еден месец се задолжил кај опасни момци, но почнал да ги избегнува, па тие решиле да го потсетат за долгот.
-Дарко со Миљан тргна да пее на прослава по повод 18 роденден. Фолкерот беше планиран како специјален гостин за време на сечењето на тортата. Меѓутоа кога Лазиќ и Миљан застанаа пред куќата, им пријдоа две млади момчиња и бараа да излезат од автомобил. Им прснаа солзавец во очите и почнаа да ги тепаат, вели добро информиран извор за српски „Информер".
Напаѓачите го прашале и кога планира да ги врати парите кои ги должи. Еден од напаѓачите испукал неколку куршуми во воздух, а потоа двајцата седнале во „Ауди А4" и заминале во непознат правец.
Прва помош на пејачот му била пружена од страна на домаќините кај кои требало да пее, по што била повикана Брза помош и полиција.
Ново на Сител
-

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
