Еве какво невреме не очекува утре

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во југозападните и западните делови ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ = 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Утре и до средината на идната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните и југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во понеделник.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
