Македонија
17. August 2015 - 8:13

Еве какво невреме не очекува денес

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70км/час.

Утринската температура ќе се движи од 16 до 23, а дневната од 25 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот постепено времето ќе се стабилизира . Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, кој попладнето ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 32 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и сончево  со умерена облачност, а температурата ќе биде во благ пораст. Ново дестабилизирање на атмосферата се очекува од четврток.