-->
-->
ЕУРО 2016: Разврска во Б групата
-->

Со двата вечершани натпревари од 3.коло од Б групата ќе биде позната разврската во оваа група и кои две репрезентации ќе се пласираат во следната фаза, а третопласираниот тим ќе ја очекува разврската. Во Тулуз ќе играат Русија и Велс, а во Сент Етиен едуелот меѓу Англија и Словачка. Почетокот на натпреварите е во 21 часот.
Англија е прва е групата со 4 бодови, Велс и Словачка имаат по 3 бодови, а Русија има само 1. Сите репрезентации имаат шанси за пласман во следната рунда, со тоа што само Англија го има обезбедено најмалку третото место. Англија со нерешен резултат е сигурно во осминафиналето, додека на Словачка и е потребна победа. Русија со победа може да биде само второпласирана, додека Велс ако не загуби ќе ги задржи шансите за нок аут фазата.
Досега пласман во осминафиналето го имаат обезбедено: Франција, Швајцарија, Италија и Шпанија, а Албанија го очекува расплетот и пласманот на третопласираните репрезентациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Злоупотреби на партиите за време на изборите
-

Саем за кариера во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
