-->
-->
ЕУРО 2016: Прв посериозен инцидент пред почетокот на ЕП
-->
Првиот поголем инцидент пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Франција се случи во Марсеј.
Иако шампионатот сеуште не е официјално започнат, француската полиција имаше полни раце работа во Марсеј, откако агресивните англиски хулигани дивееја низ еден од десетте града домаќини на ЕУРО 2016.
Имено, во Марсеј настана масовна тепачка меѓу голема група на француски и англиски хулигани, по која полицијата морала да искористи и солзавец да ја смири ситуацијата.
Како што пренесуваат француските медиуми, инцидентот кулминирал откако помала група на англиски навивачи почнала да извикува - Каде сте ИСИС, во градот каде една-третина од населението е од исламска вероисповед, по што дошло до во масовна тепачка.
Засега нема информации за повредени, но затоа двајца Англичани се приведени. Во Марсеј покрај француската полиција, присутни се и англиски полицајци, кои треба да придонесат за зачувување на редот во овој град каде утре Англија против Русија ќе го има првиот настап на ЕУРО 2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот