-->
-->
ЕУРО 2016 - квалификации: Исланд избори учество на Европско првенство
-->
Репрезентациите на Исланд и на Чешка изборија пласман на ЕУРО 2016 откако по синоќешните натпревари од 8.коло создадоа недостижна предност за конкурентите во групата А. За селекцијата на Исланд ова е дебитантски настап на Европско првенство. Пласман на ЕУРО 2016 досега има обезбедено и селекцијата на Англија.
Големи шанси за пласман има и лидерот од Б групата селекцијата на Велс.
Резултати и табели по 8.коло:
А група: Летонија – Чешка 1:2, Турција – Холандија 3:0, Исланд – Казахстан 0:0.
Табела: Исланд 19 бодови, Чешка 19, Турција 12, Холандија 10, Летонија 4, Казахстан 2.
Б група: Велс – Изреал 0:0, Босна и Херцеговина – Андора 3:0, Кипар – Белгија 0:1.
Табела: Велс 18, Белгија 17, Изреал 13, БиХ 11, Кипар 9, Андора 0.
Х група: Малта – Азербејџан 2:2, Норвешка – Хрватска 2:0, Италија – Бугарија 1:0.
Табела: Италија 18, Норвешка 16, Хрватска 15, Бугарија 8, Азербејџан 6, Малта 2.
Денеска се играат натпревари во три групи:
Полска – Гибралтар, Република Ирска – Грузија, Шкотска – Германија (Д група),
Финска – Фарски Острови, Северна Ирска – Унгарија, Романија – Грција (Ф група),
Ерменија – Данска и Албанија – Португалија (И група).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија