ЕУ со повеќе струја од сончева енергија отколку од јаглен
Во Европската унија во мај за првпат е произведена повеќе електрична енергија од соларни централи отколку од термоелектрани на јаглен, соопшти енергетскиот истражувачки центар Ембер.
Според последните податоци од тој центар, минатиот месец се добиени рекордни 27 терават-часови (TWh) од сончевата енергија, односно 14 отсто од вкупната електрична енергија произведена во ЕУ.
Со летото кое е пред самиот почеток, производството на соларна енергија се очекува да биде уште поголемо во наредните месеци.
Од енергија од ветер произведени се 17 отсто од електричната енергија, така што соларните и ветерните електрани заедно произвеле речиси третина од електричната енергија (31 отсто), додека учеството на фосилните горива беше рекордно ниско (27 отсто). Термоелектраните покривале само 10 отсто (20 TWh) од потребната електрична енергија во мај, што е најниско забележано за еден месец досега.
Петнаесет отсто од електричната енергија е добиена од фосилни гасови, што е најниско учество од 2018 година. Околу 22 отсто од електричната енергија е добиена од нуклеарни централи, околу 14 отсто од хидроцентрали и 4,7 отсто од биоенергија.
– Европската транзиција на електрична енергија се развива исклучително брзо. Чистата енергија поставува рекорд по рекорд, изјави шефицата на Ембер за Европа, Сара Браун.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз