ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
Европска Унија сè уште не одлучила дали ќе продолжи со етапното воведување на новиот систем за пасошка контрола на надворешните граници, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
Тој истакна, дека на последниот состанок на Советот за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, што се одржи пред еден месец, било утврдено дека е невозможно да се воведе системот. ЕК не добила навремени известувања од сите земји на ЕУ дека се подготвени да работат со системот, како што предвидува законодавството.
Портпаролот на ЕК не прецизираше дали се неопходни законски измени за постепено воведување на новиот систем, ниту во која временска рамка може да се очекува отстранување на досегашните пречки. Пред еден месец Германија, Франција и Холандија не соопштија дека се подготвени за имплементација на системот.
Новиот систем предвидува во иднина проверките на пасошите да се вршат целосно автоматски. На овој начин сите што патуваат низ надворешните граници ќе бидат проверени со споредување на биометриските податоци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра