ЕУ: Реформските приоритети и Договорот од Пржино клучни за Македонија
Европската унија од власта и од опозицијата на Македонија очекува да продолжат со исполнување на политичкиот договор од Прижино, а истовремено од земјата се очекува да работи на итните реформски приоритети и на враќањето на евроинтеграцискиот пат, велат извори од Европската комисија, јави Дојче веле.
Ова е содржано во документите кои ги изготвува ЕУ за претстојниот период, кои во моментов се во „интерна работна фаза“.
- Само така Европската комисија ќе може да препорача отворање на пристапните преговори, предупредуваат во ЕУ.
Европските претставници од земјата очекуваат и продолжување на зајакнување на односите со соседите.
Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич објаснува дека во ЕК во моментов работат на два документа кои се однесуваат на Западниот Балкан. Првиот е новата Стратегија која треба да биде претставена во февруари, додека за април е планиран редовниот годишен извештај за напредокот кој ќе биде пресек на состојбата во сите земји во процесот на евроинтеграцијата и препораките на ЕК, како и што понатаму за секоја земја одделно.
Притоа, според Коцијанчич, ЕК смета дека е важно да се направи одвоена работна рамка за секоја земја од Западниот Балкан.
На првиот состанок на комесарите на ЕК во 2018 година меѓу другото беше разгледано и приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ.
Во ЕК велат дека токму 2018 година ќе пружи уникатна шанса за неповратно приближување на Западниот Балкан кон ЕУ.
- За тоа да го постигнат земјите од регионот мораат да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеењето на правото, правосудството и основните права. ЕУ нема да прави компромиси околу критериумите за членстви, вели Коцијанчич.
Истата тема ќе биде на дневен ред и в петок, кога во Софија европските комесари ќе разговараат со бугарските претставници за приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.
Во согласност со најавите од Брисел и официјална Софија порача дека во текот на шестмесечното претседавање нејзин приоритет ќе биде токму напредокот на Западниот Балкан.
Во деталите од работниот извештај на ЕК се наведува дека земјите од Западен Балкан мора да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеење на правото, правосудството и основните права
Регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат еден од условите за напредок на земјите од Западниот Балкан не само во 2018 година, туку и услов за членство во ЕУ.
На првиот состанок на еврокомесарите се говореше и за институционалните приоритети на ЕУ во следниот период - реформите на економската и монетарната унија, зајакнување на надворешните граници и Шенген, формирањето на единствениот европски дигитален пазар.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите