ЕУ поддржа систем за заштита на човековите прави во рамки на ОН
Советот на ЕУ ги усвои денеска годишните приоритети за застапување на човековите права во рамки на ОН.
ЕУ ја потврди посветеноста за почитување, заштита и исполнување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, и останува единствена во поддршката на системот за човекови права на ОН како основа на нејзиното надворешно дејствување. Оваа година, Советот на ЕУ става посебен фокус на заштитата на човековите права во контекст на пандемијата на Ковид-19, што треба да биде основа за глобален одговор и закрепнување.
Од Унијата порачуваат дека ќе продолжат да ја следат состојбата со човековите права на глобално ниво, осудувајќи ги кршењата и злоупотребите на човековите права каде и да се случуваат, користејќи ги сите достапни инструменти, вклучително и режимот на ЕУ за глобални санкции за човекови права.
На списокот на земји кои Советот на ЕУ ги издвои како неопходни за продолжување на следењето на состојбата со човековите права, се наоѓаат меѓу другите Русија, Турција, Саудиска Арабија, Иран, Мали, Венецуела, а посебна загриженост е изразена за ситуацијата во Мјанмар, Белорусија и Хонгконг.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
