ЕУ од јуни го укинува надоместот за роаминг

Граѓаните на ЕУ од јуни годинава повеќе нема да мораат да плаќаат дополнителен надомест за роаминг при користење на мобилните телефони надвор од своите матични земји на териториите на другите држави на Унијата.
Ваквата одлука е донесена на денешната средба на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, со што конечно ќе биде реализиран планот за „бесплатен роаминг“ што Европската комисија го најави уште на почетокот на 2015 година.
- Ова е последниот дел од сложувалката. Од 15 јуни Европјеците ќе можат да патуваат во рамките на ЕУ без плаќаат надомест за роаминг, изјави потпретседателот на Европската комисија задолжен за единствениот дигитален пазар, Андрус Ансип.
Реализацијата на овој план досега беше одлагана поради противењето на мобилните оператори во некои од туристичките велесили, како Италија и Шпаннија, кои се заканува со зголемување на цените за домашните корисиници, за да ја надоместат загубата што ќе ја имаат со укинувањето на надоместот за роаминг.
Тие тврдеа дека во таква ситуација „посиромашните Европејци од Југот, ќе мораат да плаќаат за побогатите од Северот“.
Пред да стапи во сила, оваа одлука треба да биде одобрена од Европскиот парламент, што се очекува да биде чиста формалност.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
