ЕУ ќе го замрзне имотот на Путин и Лавров
Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва ги усвоија новиот пакет санкции, насочени кон рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, поради одлуката за инвазијата на Украина, изјавија дипломатски извори за ДПА.
На Путин и Лавров им замрзнуваат имот, како дел од огромниот пакет договорен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ за одговор на рускиот напад врз Украина.
Новите санкции доаѓаат покрај замрзнувањето на имотот и забраните за патување што веќе беа наметнати на високи функционери на Кремљ, а кои беа вклучени во одлуката на Русија да ги признае отцепените провинции на Украина како независни држави.
Новите ограничувачки мерки се насочени и кон енергетскиот, финансискиот и транспортниот сектор на Русија, како и забрана за извоз на критични технологии и софтвер од Европа во Русија, а а ќе се воведат и визни ограничувања.
Ново на Сител
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција