ЕУ го почна проектот за давање платежни картички за мигрантите во Турција
Европската Унија денеска го почна проектот вреден 348 милиони евра за најранливите групи мигранти сместени во Турција, како дел од договорот за запирање на нелегалните миграции.
Околу милион мигранти, кои живеат надвор од камповите, ќе добијат платежни картички на кои секој месец ќе им се уплатува одреден износ, за тие да можат да купат храна и други основни продукти, пренесуваат американските медиуми.
Проектот денеска го почна организацијата за хуманитарна помош на ЕУ и комесарот за кризи Христос Стилијанидес. Проектот престатвува најголемата хуманитарна програма финансирана од ЕУ.
ЕУ вети издвојување на три милијарди евра за помош на мигрантите од Сирија во Турција, која, пак, за возврат очекува воведување безвизен режим за своите граѓани.
Разговорите за укинување на визите се одложени, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи