ЕУ ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за регистарските таблички
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за регистарските таблички со кои се овозможи укинување на режимот на налепници и слободно движење на возилата.
„ЕУ ги поздравува одлуките на Косово и Србија официјално да ги признаат меѓусебните регистарски таблички на возилата и целосно да го укинат режимот на налепници“, изјави Борел, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Тој оцени дека таа одлука претставува позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација, како и во досегашните обврски од дијалогот за слободата на движење.
„Тоа покажува дека е можно да се постигне напредок во подобрувањето на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и ја потврдува важноста од продолжување на работата во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ“, нагласи Борел во изјавата.
„Таа одлука претставува чекор во вистинската насока кон подобра регионална и европска интеграција на Западен Балкан, од која корист имаат граѓаните од регионот“
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
