ЕУ би можела да го замрзне правото на глас на Полска
Европската унија би можела да донесе одлука за замрзнување на правото на глас на Полска, доколку земјата не ја промени својата политика и не го почитува владеењето на правото, изјави потпретседателот на Еврокомисијата, Јурки Катаинен.
- Не можеме да правиме компромис со владеењето на правото. Тој принцип или се почитува или не. Ако не го почитувате, тогаш Европа не може да молчи, изјави Катаинен, кој е поранешен фински премиер.
Според Катаинен, полската Влада со својата политика ја води земјата кон тоталитаризам и се доближива до границите на толеранција на ЕУ.
- ЕУ може да покаже флексибилност во некои области, како фискалната политика, но почитувањето на владеењето на правото неможе да биде тема на преговори, рече Катаинен.
Тој изјави дека се надева оти гермнанската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во посета на Варшава, ќе успее да го убеди лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински и останатите полски лидери „да ги почитуваат основните вредности на кои се изградени ЕУ и цела Европа“.
На Полска би можело да и биде одземено правото на глас доколку за тоа согласност дадат сите 27 останати членки на ЕУ, но Унгарија, чија конзервативна Влада често го обвинува Брисел за мешеање во внатрешните работи на земјата, веќе најави дека ќе стави вето на евентуален ваков предлог.
Ново на Сител
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец