„Етнос“: Грција може да има важна улога во новата доктрина на Трамп
Грција има шанси да добие значајна улога во рамки на новата американска доктрина за источниот Медитеран, со која Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ќе го има своето деби на меѓународната сцена, оценува грчкиот весник „Етнос“.
- Станува збор за регион во кој има деликатен сооднос на силите, каде сојузите се нестабилни, заканите асиметрични, а хуманитраната криза се влошува од ден во ден, наведува весникот.
Според „Етнос“, Грција треба да се потруди да го најде своето место во новата доктрина на Трамп за Источниот Медитеран, пред се во рамки на соработката со Израел и Египет и со учество на Кипар, која би претставувала моќна основа за создавање на зона на безбрдност и стабилност во регионот.
Со новата доктрина поморската база на НАТО на грчкиот остров Крит, ќе добие позначајна улога, што ќе претставува дополнителна шанса за Грција, смета весникот.
- Од таа гледна точка, Медитеранот повторно се претвора во поле за натпревар меѓу суперсилите, кои во исто време се соочуваат со асиметрични закани, како што се илегалната миграција, тероризмот, шверцот на оружје и наркотици и заштитата на инсталациите за експлозатација на природни ресурси. оценува „Етнос“.
Ново на Сител
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар