Еспер: САД испраќаат оклопни возила во Сирија за да ги штитат нафтените полиња од ИД
САД ќе испратат оклопни возила и борбени сили во источна Сирија за да спречат нафтените полиња да паднат во рацете на таканаречната Исламска држава, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.
Неговата изјава, дадена во седиштето на НАТО во Брисел, укажува дека повлекувањето на војската од Сирија е се понеизвесно и покомплицирано отколку што тоа го претстави американскиот претседател Доналд Трамп, оценуваат американските медиуми. Тие додаваат дека, иако Трамп го најави повлекувањето на американските војници од оваа земја, реалноста на теренот е поинаква.
Дополнителните американски сили Еспер ги опиша како „механизирани”, што значи дека меѓу возилата, меѓудругото, ќе има има и оклопен пешадиски носач „Бредли”, тенкови и други возила.
Ова засилување, се наведува, ќе воведе нова димензија во американското воено присуство, кое во голема мера се состоеше од сили за специјални операции кои не се опремени со тенкови или други оклопни возила.
Според Еспер, не смее да се дозволи ИД повторно да влезе во нафтените полиња.
- Доколку ИД има пристап до ресурсите, а со самото тоа и до средства за набавка на оружје или купување борци или било што друго, тоа ќе значи дека поразот на ИД станува се потежок – заклучи Еспер.
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари