ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“
– АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември.
Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.
-За гасот имаме официјална понуда од Макпетрол. Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма. За ноември за топланите ќе набавиме количини од Макпетрол, информираа денеска од АД ЕСМ за МИА.
Рокот за доставување на понудите н тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта. Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис