Ескобар на средба со командантот на КФОР за безбедносната состојба во регионот

Командантот на мисијата на НАТО во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ ги примил американскиот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој престојува во официјална посета на Косово и амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, со кои разговарал за теми поврзани со одржливата безбедност на Косово и регионалната стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти КФОР, Улуташ на средбата ја потврдил „цврстата посветеност на КФОР за обезбедување на безбедносната рамка за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, олеснет од ЕУ“.
„Состанокот даде можност за размена на мислења за низа теми поврзани со трајната безбедност во Косово и регионалната стабилност. Генерал-мајор Улуташ информираше за активностите на КФОР и за неговите ангажмани со широк спектар на дејствување“, се наведува во соопштението на КФОР.
Улуташ ја потврдил „цврстата посветеност на КФОР да обезбеди безбедносна рамка за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, олеснет од ЕУ“ и воедно го поздравил „долгогодишниот придонес на САД за КФОР и за стабилноста на Западен Балкан“.
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, допатува вчера во официјална посета на Косово, во обид да го поттикне продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите меѓу двете земји, како и за изнаоќање решенија за проблемите кои ја попречуваагт нормализацијата. Вчера тој се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со лидерите на најголемите опозициски партии, а за денеска е најавена средба со премиерот Албин Курти.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
