-->
-->
Еруптираше вулканот Улавун на Папуа Нова Гвинеја
-->
Вулканот Улавун во Папуа Нова Гвинеја утрово еруптираше и околу 15 минути исфрлаше пепел во висина до 3.000 метри.
Засега нема информации за евентуални жртви.
Улавун е еден од најопасните вулкани во светот и се наоѓа на листата од 16 „вулкани на деценијата“, што претставуваат значителен ризик од големи и силни ерупции.
Вулкан Улавун се наоѓа во оддалечениот синџир на архипелагот Бизмарк во северниот дел на Папуа Нова Гвинеја.
Серијата ерупции на Улавун во 2019 година принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички