Ердоган: Жените без деца се „некомплетни жени“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека жените кои немаат деца и кои го отфрлаат мајчинството, „не се комплетни жени“, сугерирајќи Турчинките да имаат „најмалку три деца“.
Во говор пред членките на Асоцијацијата жените и демократијата во Истанбул, Ердоган истакна дека ги поддржува жените кои сакаат да направат професионална кариера, но порача дека тоа не смее да попречи жените да имаат деца.
Оваа негова изјава е најновата во серијата контроверзни коменатри на турскиот претседател за жените и нивната улога во општеството.
Минатата недела, претседателот Ердоган ги повика Турците да ја отфрлат контрацепцијата и да имаат повеќе деца.
Во едно телевизиско интервју, тој рече дека ниту едно турско семејство не треба да размислува за контрацепцијата и за планирање на семејството.
Претседателот Ердоган е татко на четири деца.
На претседателската функција се наоѓа од август 2014 година, откако 12 години беше премиер на Турција. Неговата АК партија има корени во исламизмот, па многу од неговите симпатизери и поддржувачи важат за конзервативни муслимани.
Ново на Сител
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени