Ердоган: Турција нема намера да ги прекине нападите врз сириските Курди
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција нема намера да ги прекине нападите врз групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот, како одговор на прекуграничните престрелки.
Ердоган, меѓу другото, истакна дека САД треба да одлучат дали ја поддржуваат Турција или курдските бунтовници.
Турција ги смета Силите за заштита на народот и нивното политичко крило, Демократската унија, за терористички организации поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).
- Нема да дозволам да се создаде нов Кандил на турската јужна граница, нагласи Ердоган, мислејќи на планината Кандил во северниот дел на Ирак, каде бунтовниците на ПКК имаат свои бази.
Тој изјави и дека игнорирањето на поврзаноста меѓу сириските Курди и бунтовниците на ПКК претставува „непријателски акт“.
Ново на Сител
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии