Ердоган: Турција без двоумење ќе го употреби своето право на одбрана по крвавиот напад во Анкара
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад со автомобил бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара, во кој загинаа најмалку 28 лица и над 60 беа ранети, пренесоа француските медиуми.
„Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана“, се наведува во соопштението објавено од прес службата на претседателот.
„Ќе продолжиме се порешително да се бориме против пионите, кои извршуваат вакви напади и не познаваат морал и хумани граници, како и против силите кои стојат зад нив“, се вели во соопштението, цитирано од британските медиуми.
Повеќето од убиените и ранетите во вчерашниоит атентат се турски војници, вклучително и офицери, забележа ТАСС.
Вицепремиерот Нуман Куртулмуш изјави дека засега не е познато кои се извршителите на атентатот.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена