Ердоган повторно удри шлаканица на дете - овој пат бидејќи момчето не сакало да му ја бакне раката | ВИДЕО
На социјалните мрежи беше објавено видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како му удира шлаканица на момче кое му пријде, но не му бакна рака.
Видеото е снимено за време на митингот во градот Ризе, а предизвика гнев кај корисниците на социјалните мрежи.
Момчето било предупредено од луѓето кои стоеле околу него, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.
Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како физички „казнува“ деца.
Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.
Минатата година јавно му удри шлаканица и на својот внук, но подоцна изјави дека го „помилува“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги