Ердоган повторно со закани за Грција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно и се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите“, како што беше неодамна случај кога турските воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.
– Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи, одговори Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за најновиот спор со Грција.
Системите за противвоздушна одбрана С-300, кои ги користи Грција, во моментот на прелетувањето биле насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островите во Егејското Море.
„Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.
Сојузниците во НАТО Грција и Турција во повеќе наврати се најдоа на работ на војна поради територијални спорови. Новите тензии започнаа на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да таргетираат турски авиони Ф-16 за време на вежбата на НАТО, што Атина го негира.
Ердоган во саботата изјави дека Грција и се заканува на Турција со системите за противвоздушна одбрана С-300 и дека ќе плати „висока цена“ доколку „продолжи така“, драматично ескалирајќи ја ситуацијата.
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара очекува објективност од НАТО во однос на грчката употреба на С-300 во потера по турски авиони. Според него, Грција го игнорира меѓународното право, добрососедските односи и пријателството.
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите