-->
-->
Ербил предлага набљудувачи на аеродромите во Ирачки Курдистан
-->
Регионалната Влада на Курдистан и понуди на централната влада на Ирак да разговараат за поставување ирачки набљудувачи на курдистанските аеродроми со цел да се смири кризата предизвикана од референдумот за независност.
Предлогот уследи откако ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади вчера на властите во Ирачки Курдистан им даде ултиматум во рок од 72 часа да ја предадат контролата на аеродромите на федералните органи, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со забрана на летови.
Ултиматумот следи еден ден откако ирачките Курди одржаа референдум за независност, кој Багдад и соседите на Ирак не го признаваат.
Абади изјави дека евентуалната забрана на летовите нема да се однесува на хуманитарните и другите итни летови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце