Ракомет
17. January 2016 - 20:00

ЕП Полска 2016: Норвешка ја изнеанди Хрватска

Ракометарите на Норвешка го направија првото големо изненадување на ЕП. Тие вечерва во дуелот од 2.коло од групата Б во катовице ја победија Хрватска со 34:31, иако на полувремето Хрватска имаше водство од еден гол (17:16).

Кристијан Бјорнсен кај Норвешка со 7 голови беше најепрецизен, додека најмногу голови постигна Домагој Дувњак 8.
Во групата Б претходно Белорусија го победи Исланд со 39:38 и сега сите четири селекции по двете кола имаат по една победа и еден пораз.
Табела: 
1.Хрватска 2 (+3)
2.Норвешка 2 (+2)
3.Исланд 2 (0)
4.Белорусија 2 (-5)
Во последното коло на 19.јануари играат: Белорусија - Норвешка и Хрватска - Исланд.
 
Од Краков,
Марјан  Ников