ЕП одобри 18 милијарди евра помош за Украина
Eвропскиот парламент денеска го одобри предлогот Украина следната година да добие 18 милијарди евра економска помош од ЕУ.
Европската комисија предложи Киев да ја добие сумата во еднакви делови, отплатата на заемот да започне по 10 години, а каматата да ја покриваат земјите од ЕУ.
Комисијата предвидува средствата да бидат искористени за поддршка на основните јавни потреби, вклучително и работата на болниците и училиштата, обезбедувањето засолништа и обновувањето на инфраструктурата оштетена од руските воздушни напади. Заемот се очекува да биде отплатен за 35 години.
„За исплата на заемот потребни се реформи за зајакнување на институциите на Украина и подготовка за нејзино закрепнување на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението на ЕП.
Се додава дека денешната одлука е донесена со 507 гласа „за“, 38 „против“ и 26 воздржани.
Од почетокот на војната, ЕУ обезбеди 19,7 милијарди евра за поддршка на Украина.
За заемот, одобрен од европратениците денеска, треба дополнително гласање во Советот на ЕУ на 6 декември.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
