ЕП 2020: Португалија запрена од Исланд
Исланд ја прекина зачудувачката низа на резултати на португалската ракометна репрезентација, победувајќи ги со 28:25 (14:12) во меч полн со пресврти за да им ги намали шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство.
По шокантнтите победи над Франција и Шведска, Португалците со евентуален триумф против „рибарите“ ќе беа во одлична шанса да се борат за првите две места во групата 2, но наместо тоа сега ќе мораат да чекаат „кикс“ на Словенија или Норвешка за таков пласман.
Исланѓаните имаа „атомски“ старт на мечот, во кој успеаја да поведат со шокантни 7:1, пред Португалците полека да се вратат во игра и да дојдат на -2 (12:14) по првите 30 минути. На почетокот на второто полувреме, Португалците прво израмнија, па и поведоа со 17:16, но повторно Исланѓаните предводени од Арон Палмарсон направија 5:1 серија за уште еден пресврт и водство од 21:18. Португалците уште не беа „мртви“ и успеаја да израмнат на 22:22, но немаа сили да уште еден пресврт и на крајот загубија со 26:24.
Јанус Дади Смарасон со осум гола беше најефикасен за Исланд, додека пет имаше Александер Петерсон, додека за Португалија Антонио Ареја и Мигуел Мартинс имаа по четири гола.
Ново на Сител
-
Флотилата за помош за Газа вели дека израелската војска нелегално се качила на нејзиниот брод
-
Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање
-
Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија
-
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
-
Кац: Палестинците кои ќе останат во Газа ќе се сметаат за терористи
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025
-
Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025
-
„Еурактив“: Косовска лекција не учи зошто на Газа и е треба нешто повеќе од протекторат