-->
-->
Емери: Ќе биде тешкот против Ливерпул, но не сакаме да застанеме тука
-->

Фудбалерите на Севиља се пред историски меч. Шпанскиот тим вечерва ќе има можност да влезе во историјата на второто по квалитет европско клупско натпреварување Лига европа, доколку во финалето успејат да го победат Ливерпул, а со тоа да станат и првата екипа која трипати во низа успевала да го освои трофејот, односно по дури петти пат да триумфираат во ова натпреварување.
Тренерот на андалузиската екипа, Унаи Емери е свесен дека ќе има тешка задача во дуелот со мотивираниот Ливерпул, тим кој по доаѓањето на Јирген Клоп на кормилото игра многу поквалитетно.
„Секогаш кога фудбалот ви дава шанса треба да ја искористите. Она што го постигнавме во изминатите години е прекрасно, но не можеме да застанеме тука’’, изјави Емери на официјалната прес конференција во Базел каде вечерва се игра финалниот меч.
„Ливерпул е еден од најдобрите десет клубови во Европа. Тимот се промени под водство на новиот тренер. Имаа лош старт на сезоната во Премиер лигата, па се доведоа во ситуација следната година да не играат во Европа. Затоа, знаеме дека ќе сторат за да победат и да играат во Лигата на шампиони’’, дополнува Баскиецот на кормилото на Севиља.
Севиља е пред историско финале во кое атакува на третиот трофеј во низа или вкупно петти во ова натпреварување, па затоа мотивацијата за успех на својата екипа Емери ќе ја бара во балансот на желба и емоции да се испише историјата од една и контролирањето на емоциите со цел да се обезбеди резултат кој на крајот ќе им донесе радост.
„Можеме да ја смениме историјата и да ги запишеме нашите имиња во историјата на ова натпреварување. Но. Мора да најдеме баланс, да ги задржиме нашите емоции и да бидеме комплетно фокусирани’’, завршува Имери.
Финалниот меч во Лига Европа меѓу Севиља и Ливерпул ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Сент Јакобс’’ стадионот во Базел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
-

Јаневска побара превод од Касами, од Вреди реагираат дека требало да знае албански
-

Димитров: Комисија за историски прашања е алиби за комплицираните односи меѓу Бугарија и Македонија
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
