Елизабета Ѓоргиевска: Ги охрабрувам сите кои немаат примено вакцина да ја примат што побрзо

Првата дама на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денеска истакна дека донацијата на вакцини од Полска е уште една потврда за пријателството, но и чин на солидарност којшто ни е неопходен за време на оваа глобална криза.
„Во изминативе две години, верувам дека секој од нас имал некој во своја близина кој бил болен од Ковид. Верувам и дека голем број од нас загубија блиски луѓе, роднини, пријатели. Затоа, сметам дека со оглед на сите податоци коишто постојат и коишто ни се достапни, само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Би сакала да ги охрабрам сите кои немаат примено вакцина, заради себе, заради нивните блиски и заради сите во околината да ја примат што побрзо, бидејќи повторно се соочуваме со голем број заболени секојдневно. Само со вакцинацијата, односно со масовната имунизација ќе постигнеме излез од оваа криза“, рече таа.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
