Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
Секој корисник има право да побара корекција на фактура телефонски, преку е-пошта и во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција, велат од компанијата и додаваат дека Електродистрибуција инвестира во модернизација и унапредување на дистрибутивната мрежа, а во рамките на овие инвестиции целосно е реконструирана мрежата и во Арачиново и Сингелиќ.
-И покрај инвестициите во овие региони граѓаните ја уништуваат опремата и диво се приклучуваат на мрежата што претставува кривично дело. Кражбите на електрична енергија во овие населби се над 50 отсто. Само во последните шест месеци има над 100 записници за кражби во присуство на МВР. Кај дел од потрошувачите како резултат на овие инвестиции за прв пат се отчитува точно потрошена електрична енергија, велат од Електродистрибуција за МИА, прашани за коментар за протестите на граѓаните од Арачиново и Сингелиќ кои се незадоволни од сметките за струја.
Како што нагласуваат ги отчитуваат броилата секој месец, иако согласно Правилата за снабдување, компанијата има законска обврска да отчитува еднаш на три месеци.
-Процентот на отчитани броила на месечно ниво се движи околу 85 отсто, а овој процент се зголемува на 95 отсто и тоа во рок од само три месеци. Инаку годинава Бројот на барања за корекција на отчитани состојби во периодот од декември 2024 до јануари 2025 година е за 20 отсто помал отколку во периодот од декември 2023 до јануари 2024 година. Само 15 отсто од барањата за корекција беа основани и за нив е извршена корекција на фактурите, прецизираат од Електродистрибуција.
Граѓани од Арачиново и Сингелиќ, организирани преку социјалните мрежи, денеска излегоа на протест за да го искажат незадоволството од високите сметки за потрошена електрична енергија. Некои од нив велат дека месечните сметки им се движат од 35.000, па дури до 75.000 денари
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога