Ел Чапо е прогласен за виновен

Најпознатиот наркобос на светот, Ел Чапо е прогласен денеска виновен по сите десет точки од обвинението , а судот на Менхетн ќе ја соопшти пресудата на 25 јуни. На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор. Минатата недела поротата се повлече за да донесе одлука за вината на Ел Чапо и денеска едногласно ја изнесе одлуката. Ел Чапо се товари за водење континуиран криминален потфат и меѓународен систем за производство и дистрибуција на кокаин , хероин, метамфетамин и марихуана.
Иако се очекуваше брза пресуда , со оглед на огромниот број докази и сведоштва на поранешните соработници на наркобосот , сепак до пресудата ќе треба да се причека. До сега 57 сведоци дадоа искази , а самно еден сведок на одбраната.
Доколку се осуди само по една точка од обвинението , добива доживотна казна затвор , зашто во секој дел од обвинителниот акт има и по десетици кривични дела .
Така , во една точка има 27 кривични дела на Ел Чапо , кои се докажани во постапката. Доколку не побегне од американскиот затвор , акко што направи два пати од мексиканските , 61 годишниот нарко бос до крајот на животот останува зад решетки.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
