-->
-->
ЕЛ: Австрија повторно во нашата група
-->
Нашата машка одбојкарска репрезентација повторно ќе игра против Австрија во новото издание од Евролигата. Според извлекувањето во Лозана со Македонија и Австрија ќе играат уште и Летонија и Косово.
Нашата репрезентација досега повеќе пати има играно против Австрија со која има остварено победи од по 3-1 во два наврати во 2014 година и тоа на гостински терен додека во 2015-тата во Скопје ги победивме исто така два пати без загубен сет.
Минатата година во полуфиналето на Ф-4 што се играше во бугарскиот град Варна ги совладавме Австријците со 3-2. Со Летонија и Косово Македонија нема дуели во групната фаза на Евролигата.
Австријците ни се стар „муштерија“ во Европската лига, додека со Летонија и Косово првпат ќе се соочиме во групната фаза
Македонија три години во низа игра во финалето на Европската лига и го освојува сребрениот медал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот