„Експрес“: Премиерот Мустафа ја „воскресна“ демаркацијата

Косовскиот премиер, Иса Мустафа, по свеченоста за изградба на зградата на Институтот за јавната администрација, се осврна и на прашањето за демаркација на границата со Црна Гора.
Според него, ратификацијата на договорот за демаркација ќе се случи, бидејќи е во интерес на Косово и бидејќи „демаркацијата не е мртво прашање“.
- Тоа е во интерес на Република Косово, за земјата ги определи своите граници. Демаркацијата не е мртво прашање, како што денеска читав, бидејќи државата Косово е држава која заживува и границите треба да постојат, затоа што не постои држава без граници, и затоа ова ќе го направиме по секоја цена, ќе го направиме со целосно убедување на пратениците дека тие треба да работат за нивната држава, а не за личните интереси, изјави Мустафа.
Но, премиерот Мустафа не само со демаркацијата, туку сега се наоѓа и пред друго важно прашање за кое опозицијата веќе најави дека нема да го гласа, а тоа е предлог буџетот за 2017 година. Бидејќи и пратениците од „Листа српска“ ја бојкотираат работата владеачкото мнозинство го нема потребниот број гласови за донесувањ ена буџетот за следната година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
