Свет
19. April 2017 - 17:49

Експлозија во Лондон

Во станбениот дел на Финсбари паркот во северниот дел на Лондон денеска имаше експлозија при што се повредени две лица меѓу кои еден полицаец. Во тек е евакуацијата на лицата кои живеат во тој дел. 

Пожарникарските служби се обидуваат да го угаснат пожарот што избил по експлозијата, наведува британскиот „Експрес“. 

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, што избила во еден стан. Се уште никој не е уапсен. 

Портпаролката на лондонската полиција објасни дека добиле повик околу 11.50 часот, по локално време, поради инцидент во еден стан, каде се случила експлозијата. 

- Засега имаме инфирмации дека се повредени две лица. Еден маж има сериозни изгореници, додека на еден полицаец му е повредена раката. Ги очекуваме останатите детали. Сите служби работат заедно на лице место, наведе таа.