-->
-->
Експлозии ги вознемирија Гостиварци, малолетници фрлале молотови коктели низ градот
-->

Синоќа околу 22,30 часот во ПС-Гостивар била пријавена експлозија на ул.„Панче Попоски“ зграда бр.2 во приземјето од станбениот објект. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници во приземјето било пронајдено пластично шише со непозната течност со остар мирис и парчиња од алуминиумска фолија.
За време на обезбедувањето на лице местото во непосредна близина од соседната зграда се слушнала уште една детонација, при што биле забележани две лица како со трчање се оддалечуваат.
Од страна на полициските службеници кои го обезбедувале местото биле преземени мерки за пронаоѓање на лицата.
Истите се пронајдени и од извршената проверка на идентитетот констатирано е дека се работи за две малолетни лица на возраст од 16 години од Гостивар.
Против истите ќе бидат преземени мерки од областа на ЗППЈРМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
