Бизнис
19. December 2017 - 19:38

Експерти: ПИОМ нема да пропадне, не треба да се поместува границата за пензионирање

Нема потреба да се зголемува старосната граница на пензионирање ниту пак да се зголемува стапката на придонеси, сметаат експертите.

За да се одржи ПИОМ потребно е   да се забрза растот на економијата и да достигне 5 %.  Професорот Шукарoв смета дека крахирањето на фондот што го предвидува ММФ до 2030 нема да се случи.

Според него ПИОМ ќе се стабилизира до 2027 кога веќе нема да има потреба државата да го финансира. Самиот ќе се одржува и ќе создава вишоци, бидејќи бројот на пензионери ќе се намали

-Да започне процедура на продажба на сегашен ПИОМ или да се формира инвестиционен фонд, предлага Шукаров.

Според Шукаров само со повисок раст на економијата, старосната граница на пензионирање ќе може дури и да се намали. Покачувањето не е опција бидејќи земјава не се соочува со стареење на населението до степенот со кој се соочуваат другите земји а пензионерите во земјава во просек примаат пензија само 11 години.  За да се намали дефицитот во фондот само треба да се зголеми бројот на вработени.

Ослободувањето на фирмите од зоните да плаќаат придонеси за вработените  нема влијание на  приходите во ПИОМ но ќе влијае  врз одржливоста на вториот фонд во иднина. Државата треба да ги уплаќа придонесите  инаку во спротивно нема да има пари за пензии  кога ќе дојде време да се пензионираат сегашните млади генерации. Тие тогаш најверојатно нема да примаат пензии од државниот фонд.