ЕКСЛУЗИВНО: За првапат во куќата на Големиот брат кандидатите ќе влегуваат два дена

Во петок 4-ти септември во куќата во Кошутњак, Белград, ќе влезат само дел од кандидатите, додека останатите ќе влезат во сабота вечер.
Двете живи емисии од влегувањето во Големиот брат се на Сител во петок и сабота од 21 часот.
Започнува уште една највозбудлива сезона на Големиот брат и сите со месеци веќе го чекаат започнувањето на ова најпопуларно реално шоу.
Во петок во 21 часот ќе влезат дел од кандидатите на Големиот брат, а наредниот ден исто во 21 часот во сабота влегуваат останатите кандидати.
За првап во историјата на ова шоу кандидатите ќе бидат поделени во два дена.
Кандидатите веќе пристигнаа во Белград и се во изолација и се подготвуваат да влезат во куќата и со тоа да престане нивниот контакт со надворешниот свет.
Специјален гостин во двете вечери на влегувањето на кандидатите ќе биде популарниот Боки 13, поранешен учесник во ова реално шоу.
Кои Македонци ќе влезат во куќата дознајте овој петок и сабота од 21 часот во живо на Сител.
Главната награда е неверојатни 100.000 евра.
Ново на Сител
-

ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-

Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-

Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-

Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-

Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-

Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
