Ексклузивно: Кои се министрите од СДСМ во новата Влада
СДСМ веќе ги има дефинирано имињата на новите министри, дознава Сител.
Порај Зоран Заев, кој ќе ја води владата, во нејзе како министри ќе бидат: Благој Бочварски како министер за транспорт и врски, Ирена Стефоска досегашен пратеник и претседател на Комисија за култура предложена како нов министер за култура, Бојан Мариќиќ како министер за правда, Шахпаска како министер за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе го води образованието, Никола Димитров секретаријатот за европски интеграции, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, одбрана и МВР, Министер за здравство останува Венко Филипче, Локална Самоуправа останува кај ЛДП, Горан Милевски ќе биде пак министер. Во оваа Влада ќе има и еден министер без ресор, или вицепремиер за борба против корупција, а тоа ќе биде Љупчо Николовски. Вицепремиер за економски прашања предложен е Фатмир Битиќи.
Од редовите на ДУИ, Бујар Османи ќе биде министер за надворешни, Фатмир Бесими за финасии, Бектеши за Економија.
Марјан Николовски
Ново на Сител
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит