Бизнис
31. December 2021 - 19:32

Економската криза ги зголеми цените, енергетската носи поголеми сметки во новата година

Скапа храна, изгор горива, високи сметки... 2021 година за граѓаните беше еднакво тешка како и карантинската 2020. Сиромаштијата растеше заради се повисоките цени. Според пресметките на Синдикатот годинава потрошувачката на едно четиричлено семејство расте секој месец.

За работодавачите, годинава беше стабилизациска во споредба со претходната рецесиска. Од стопанските сектори, најтешко и одеше на индустријата. Некои се опоравија, но некои се уште во длабока криза и им треба помош.

Ценовните шокови не завршуваат со крајот на 2021. Од утре ќе трошиме поскапа струја и поскапо парно. Затоа Синдикатот побара од собранието итно да се зголеми минималната плата. Но, работодавачите велат не е време сега. Енергетската криза силно ги погоди и компаниите, трошоците за струја им се зголемени и до пет пати. Од друга страна, цените на основните прехранбени производи се замрзнати до крај на јануари. Во вакви услови, некои од секторите нема да можат да исплаќаат повисоки плати.

Од ССМ велат дека искуството од претхдоно покажало дека повисоките плати не носат откази туку поголема продуктивност.

Според сите прогнози, зголемената инфлација од оваа година ќе се прелее и догодина. Полесно живеење се очекува во втората половина од 2022.