ЕК усвои мерки за борба против финансирањето на тероризмот
Европската комисија денеска узвои пакет мерки за борба против финасирањето на тероризмот и организираниот криминал, со кои ќе се зајакне безбедносната соработка меѓу земјите членки на ЕУ.
- Европската комисија денеска усвои пакет мерки за засилување на капацитетите на ЕУ за борба против финансирањето на тероризмот и организираниот криминал, со кои се потврдува посветеноста на Акцискиот план за борба против финансирањето на тероризмот од февруари 2016, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.
Како што јави Раша Тудеј, во соопштението се наведува дека ваквиот предлог ќе ја комплетира и засили правната рамка на ЕУ за борба против перењето пари и одливот на средства во готовина и за замзрзнување и конфискување на банкарски сметки.
- Откривањето на сомнителните финасиски текови и пресекувањето на изворите за финансирање се најефикасни начини за стопирање на евентуални терористички напади и криминални активности. Следењето на финансиските текови ќе им обезбеди на полицијата и безбедносните власти круцијални информации и ефикасни алатки во истрагите, се наведува во соопштението.
Еврокомисијата во април 2015 година усвои Европски безбедносен план, а во февруари 2016 и Акциски план за борба против финансирањето на тероризмот, кои се сметаат за основа за создавањето на идна безбедносна унија во рамките на ЕУ.
Во август годинава претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер најави и дека ќе биде воведена должноста еврокомесар за безбедност, чија одговорност ќе биде справувањето со терористичките закани.
Ново на Сител
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора
-
Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
-
Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев