Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
Цените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Така, бугарското Министерство за земјоделство одлучи да основа ланец малопродажни продавници „Продавници за народот“, кои ќе имаат максимална маржа од 10 отсто и ќе продаваат претежно бугарски производи.
Бугарската влада обезбеди околу пет милиони евра почетен капитал за околу 1.500 „Продавници за народот“ кои главно ќе бидат отворени во најсиромашните и земјоделските области.
Таму, објасни бугарскиот министер за земјоделство Георги Тахов, инфлацијата најтешко го погодува населението кое сè помалку пари може да троши на храна.
Целта е првенствено домашната храна и земјоделските производи што подиректно, без крупни посредници, да се доставуваат до потрошувачите.
Медиумите во ЕУ и на Балканот ги пренесоа оценките на здруженијата на потрошувачи и производители дека растот на цените на храната значително ги намалува платите и приходите на граѓаните не само на Западен Балкан, туку и во Бугарија, Грција и Хрватска.
Општ заклучок на здруженијата на потрошувачи и производители во ЕУ е дека цените на храната растат, земјоделците добиваат сè помалку пари за своите производи, а профитот сè повеќе оди во касите на големите преработувачи и ланци супермаркети.
И во самата Европска Унија, на пример граѓаните на Белгија – каде цените на храната во последните неколку години силно пораснаа – во пограничните подрачја речиси сите потребни работи и храна ги набавуваат во Франција и Германија.
На Балканот, сите добро знаат дека многу производи во соседните земји се поевтини, а храната и многу други работи се значително подостапни не само за граѓаните на Србија, туку и на Словенија и особено Хрватска, по многу попристапни цени во Трст и околината, каде супермаркетите секојдневно се полнат со словенечки и хрватски купувачи.
Француската влада неодамна ги повика директорите на неколку најголеми мрежи продавници за храна во Франција и Германија и побара објаснување за сериозните наоди дека на таен состанок во еден град во Германија се договориле за законски строго забранет картел на цени за прехранбените производи.
Претставниците на германските земјоделци и некои пратеници во Европскиот парламент токму на порталот „Проџект-синдикејт“ објавија податок дека само четири големи ланци малопродажни продавници во Германија контролираат 85 отсто од пазарот на храна.
„Многу голема концентрација е“, како што беше наведено, и во секторот на преработувачи на земјоделски производи.
Германската Комисија за монополи кон крајот на минатата година предупреди дека „големата пазарна концентрација сериозно ги погодува и производителите и потрошувачите на храна“.
И српската влада минатата есен соопшти дека подготвува сериозни казни за неколку ланци продавници за храна поради сериозно сомневање дека се договориле за подигање на цените на храната и одржување неоправдано високи маржи.
Но, оттогаш нема вести дали надлежното министерство и инспекциите презеле нешто, иако самите граѓани во неколку наврати ги бојкотираа големите ланци супермаркети.
Претставниците на земјоделските здруженија во ЕУ и пратениците во Европскиот парламент во соопштение јасно ставија до знаење дека „ако Европа сака во иднина сама да се храни, мора земјоделството да го направи економски и еколошки одржливо … и тоа не со субвенции, туку со воспоставување фер пазарни услови и цврсто одржливи стандарди“.
Тие укажуваат дека еден од чекорите треба да биде и она што го презеде германската влада, а тоа е договорите за набавка и продажба на храна да се прават трилатерално, непосредно меѓу земјоделците, преработувачите и продажните ланци, „за точно да се знае какви се пазарно и за потрошувачите оправданите маржи“.
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната