ЕК се очекува да се произнесе за укинување на визите за турските граѓани

Европската комисија се очекува денеска да се произнесе во поддршка на укинување на визите за турски граѓани.
Според извори на кои се повикуваат западни медиуми, тоа прашање ќе биде условено со мерки што ќе треба Турција да ги преземе за да добие укинување на визите за турски граѓани при краткорочни патувања во Шенген-зоната.
Анкара го засили притисокот во изминатите недели со закани дека нема да го спроведува својот дел од договорот Турција–ЕУ за миграцијата од 18 март ако европското ветување за укинување на санкциите не биде исполнето.
Според ЕК, „досега се исполнети 64 од 72 крутериума за ослободување од визи“. Критериумите варираат од гаранции за безбедност на лични документи до почитување на основните права.
Се очекува „зеленото светло“ за визи за Турција да биде во функција до крајот на јуни. ЕК може да препорача укинување на визите за турските граѓани, но за да влезе во сила одлуката треба да биде поддржана од Советот на ЕУ и од ЕП.
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
