ЕК предлага измени во Информативниот систем на Шенген зоната
Европската комисија денеска ги претстави предлог измените во Информативниот систем на Шенген зоната. Тоа е најшироко користениот систем за размена на податоци за чување на границите и безбедноста во ЕУ.
Предложеното подобрување на системот може да го олесни барањето и приведувањето на осомничените терористи или мигрантите кои незаконски упаднале во ЕУ, пресекувајќи ги надворешните граници на заедницата. Се очекува со овие измени да се олесни откривањето и утврдувањето на идентитетот на криминалците.
Комисијата предлага да се воведат единствени барања за припадниците на безбедносните служби околу обработката на податоците од системот. Се предвидува и воведување на нова категорија на аларми за „непознати извршители што се бараат“.
Комисијата предлага да се воведе задолжително алармирање на системот во случаи на криминал поврзан со тероризам.
Се очекува измените да помогнат во активната примена на забраните за влегување долж надворешните граници, што се издаваат за граѓани на држави надвор од ЕУ. Воведувањето на податоците за забрани во системот ќе стане задожително. Ќе се користат повеќе податоци како фотографии од портрети и отпечатоци од дланки за утврдување на идентитетот на луѓето кои влегуваат во Шенгенскиот простора.
Информативниот систем на Шенген зоната ја помага контролата на надворешните граници на ЕУ. Во него учествуваат 29 држави во Европа. Системот соддржи податоци за луѓе кои немаат право да влегуват или престојуваат во Шенгенскиот простор, за барани заради криминални активности и за исчезнати луѓе, како и детали за изгубени или украдени предмети и материи, на пример автомобили, огнострелни оружја, чамци и документи за идентитет.
Ново на Сител
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава