ЕК очекува Хрватска и Словенија да ја спроведат одлуката на арбитражниот суд
Европската комисија очекува Хрватска и Словенија да ја спроведат арбитражната одлука за границата, изјави денеска во Стразбур првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс.
- ЕК ја има предвид одлуката на арбитражниот суд и очекува од двете страни да ја спроведат, истакна Тимерманс откако ЕК расправаше за одлуката на арбитражниот суд од 29 јуни за границата на копно и море меѓу Хрватска и Словенија.
Тој нагласи дека Комисијата помогнала во придвижување на арбитражниот процес за решавање на спорот, кој трае повеќе од 20 години, додавајќи дека секогаш поддржувала мирно решавање на гранични проблеми.
ЕК ја поздрави најавената средба меѓу премиерите Миро Церар и Андреј Пленковиќ на 12 јули во Љубљана, изразувајќи надеж дека нема да има никакви еднострани потези.
Ново на Сител
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот